Францускиот културен центар од Скопје...
... ќе ве пречека и ќе одговори на вашите желби за учење или разонода, за информирање и дискусија, за приближување до француските или франкофонските култури и образование. Ве очекуваме.
Ве покануваме да ја посетите нашата медијатека: таа е отворена за вас, а вработените во Францускиот културен центар се на ваше располагање за да ве сослушаат и насочат. Подобрувајќи го вашето знаење на јазикот преку комуникација и часови, ќе можете поцелосно да ги искористите понудените книги и настани на француски јазик.
Центарот организира часови по француски јазик,
првенствено наменети за две целни групи: службеници од јавната администрација, во перспектива на европската интеграција и за младите, идните европски граѓани.
Поддршката во европската интеграција е приоритет на француската соработка.
Предизвиците со кои се соочува целата планета се предмет на дебати на идеи. Центарот „Жан Моне" придонесува и за размена на мислења помеѓу експертите од двете земји. Во еден демократски контекст, со помош на преводот, овие дебати им се достапни на сите.
Како прва странска институција од овој вид во земјата, центарот совршено се вклопува во културната сцена на градот Скопје, со организирање на настани кои особено им се наменети на оние кои го изучуваат францускиот јазик.
Тој е признат соговорник за прашањата поврзани со изучувањето на францускиот јазик во образовниот систем во земјата. Одделот КампусФранс пак, е почетна точка за сите кои сакаат да студираат во Франција, нуди информации за разните студии. Овој оддел ја организира и селекцијата на кандидати за стипендии или за продолжување со студиите во Франција.