Е-новинарство:
Франција ја поддржува модернизацијата на македонските медиуми
- Франција придонесува за воспоставување на демократски односи преку партнерства со институциите во земјата, но и преку поддршката на медиумите. Така, покрај помошта наменета за парламентарниот канал, Амбасадата секоја година им овозможува на франкофоните новинари престои за усовршување, најчесто во организација на Високата школа за новинарство (ЕСЈ) од Лил. Во 2006 година, една новинарка замина во Лил, а друга во МедиаПлан во Сараево.
- Во 2007 година, две новинарки беа поканети на семинар наменет за обука за е-новинарство, а организиран на Универзитетот «Свети Климент Охридски». Обуката се одржа во Софија, од 28 ноември до 2 декември 2007, на тема «Начела и пракса на медиумите преку интернет врска». Достапноста на печатените и аудиовизуелните медиуми преку интернет мрежата ги избегнува ограничувањата во однос на просторот и времето, така што актуелните содржини постојано се емитуваат и им се достапни на публиката. И се повинуваат на логиката на неопходност од постојан дотек и актуелност на информациите.
Целите на оваа обука се :
- претставување пред учесниците на особеноста на е-новинарството;
- објаснување на главните принципи и на општите начела (од технички, економски, издавачки и деонтолошки аспект);
- работење врз динамиката на издавање на медиумите достапни преку интернет врска и заедничка вежба преку создавање на блог и разработка на одредена тема од страна на секој учесник;
- анализа на новинарските техники развиени во последниве десет години во е-медиумите, како и новите програмски јазици кои им се достапни на новинарите;
- размислување за новите хоризнти на е- новинарството.
Е-новинарството претставува нагол прекин во однос на печатените и аудиовизуелните медиуми: нови средства, нови вештини, нов став кон публиката, нова економија и ново искуство за публиката... Со еден збор, роден е новиот печат.