Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Nous trouver, nous écrire


Nos activités récentes :

Културна соработка

              
         
          Францускиот културен центар првенствено има за цел да ја претстави француската култура преку најразлични форми и облици, како од модернистички, така и од културно-историски аспект. Уште од отворањето во 1974 година, Францускиот културен центар претставува огледало на француската култура преку редовна културна програма,  со што се збогатува културниот живот на главниот град. Центарот е признат културен активист на локален план и одржува цврсти партнерски односи со најзначајните академски и културни институции, но зема и живо учество на познатите настани и фестивали во земјата.

            Уметничкото делување игра главна улога на културната уметничка сцена: од класични театарски настапи до улични претстави, од модерен танц до ликовни уметности, од ретроспективни кино-проекции до концерти на модерна музика; француската модерна креативност беше претставена на најразличен начин на скопската публика. Одличната соработка со локалните институции, медиумската поддршка и постојаната љубопитност на публиката им го даваат заслужениот сјај на овие активности.

              Политиката на Францускиот културен центар главен акцент и особено внимание им пружа на новите естетски форми, давајќи си за задача да ги претстави и пренесе иновативните аспекти на францускиот уметнички живот преку разни групни формации.

              Франкофонијата, осмислена како простор кој се збогатува со нови националности и народи чии заеднички нишки се францускиот јазик и културната различност, претставува значаен и привилегиран момент во културната програма. Месец март е посветен на празнување  на франкофонијата преку манифестации кои му даваат виталност на францускиот јазик, преку концерти или театарски претстави.

          Во свет на изобилство на идеи и нивната слободната циркулација,
активностите од интелектуалната сфера
ја соч
инуваат главната димензија на размени. Францускиот културен центар иницира дебати на разни теми, ги зцврстува убедувањата и вредностите на Франција и се труди да остане верен на сликата за Франција како «земја на мислата».
Предавања и телевизиски дебати на актуелни теми, со учеството на француски интелектуалци, а врз основа на меѓусебна размена со македонските колеги, промоции на француски книги и поддршка при објавувањето на преводи на дела на македонски јазик, се само дел од богатата и разновидна палета организирани активности.
Заштитата и вреднувањето на културно-историското наследство зазема сè поголемо значење и отвора едно широко протранство за соработка помеѓу двете земји. Поседувајќи големо искуство на ова поле, Франција го нуди своето искуство на една земја, која се обидува да го вреднува своето културно наследство и сака да ги сензибилизира своите жители за културниот и економски потенцијал на нивната земја.

               Француските и македонските активисти се обидуваат да одговорат на барањата и да реализираат конкретни активности, како на пример системот на сигналитика во Скопје и Битола.

Demandez le programme