Размената на идеи е значаен момент и ја обележува светската еволуција на човештвото. Владеењето со земските простори, рушењето и бришењето на физичката раздалеченост, од модернистичко-технички аспект, ги поставуваат прашањата за димензиите на светот, за односите помеѓу народите и за раководењето со планетата, но и ја стимулираат потребата за изнаоѓање заеднички одговори.
Франција го поддржува барањето решенија, преку дебати, убедена дека различноста на мислењата треба да биде присутна преку учеството на различни нации. Спротиставеноста на идеите се заснова на поделени вредности, онака како што го прават тоа повеќето земји, приврзанички на франкофонијата. Просторот на солидарност се засилува со зголемувањето на бројот на овие земји и нивниот глас е сè позабележлив.
Францускиот културен центар се труди да поттикне дебати во земјата, внесувајќи елементи за размислување : каква е логиката на заземените позиции на истражувачите, на писателите и новинарите во пишани дела или во печатени медиуми, или пак преку живите размени, конкретно преку учествата на универзитетски личности или други француски интелектуалци. Активностите од интелектуалната сфера заземаат сè поголем простор помеѓу другите активности : предавања, дебати помеѓу француски и македонски експерти на актуелни теми или помош при издавањето современи романи се дел од густата понуда на активности.
Фондот Д'Аламбер частопати ја дава својата поддршки за настаните од оваа сфера.
Содржина
1. Предавања и дебати
2. Книжевност
3. Културен живот во Француски културен центар
1. ПРЕДАВАЊА И ДЕБАТИ
Францускиот културен центар третира суштински теми за време на дебатните активности: екологија, биоетика, медиуми, европска интеграција, децентрализација, итн., но, исто така, и општествени теми како децентрализација, културна политика, спонзорство и мецена, итн.
Овие активности заземаат разни облици : предавања, семинари или дебати, кои се снимаат од Националната телевизија ; дебатите најчесто се состојат соочување на француските и македонските експерти, кои дебатираат за предизвиците на денешниот свет.
2. КНИЖЕВНОСТ
Францускиот културен центар остава значајно место за активностите во чест на книгата и пишаниот збор, во рамките на поголеми настани како Саем на книгата во месец април, «Струшките вечери на поезијата» во август, «Празникот на книгата» во октомври или пак други редовни активности за промовирање на француски книги, за збогатување на фондот на библиотеката и за поддршка при објавување на преводи на дела.
Неколку француски писатели и поети, како Ерик Фај или Катрин Вјеј, се сретнаа со локалната и универзитетска публика. Француски и македонски универзитетски личности и книжевници одржаа предавања во Францускиот културен центар.
Библиотеката на Францускиот културен центар постојано го збогатува фондот на книги за својата публика. Секој месец, се избира автор на месецот, а новитетите се најавени во програмата .
Благодарение на програмата за помош на издаваштвото «Вардар», бројни француски дела беа издадени на македонски јазик и на албански јазик .
3. КУЛТУРЕН ЖИВОТ ВО ФРАНЦУСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
- предавања :
Секоја среда, во Францускиот културен центар, се одржуваат предавања на различни теми и во духот на отвореност : книжевност, филозофија, културно-историско наследство, медицина, актуелни теми, кои се само дел од темите за кои говореа француски и македонски предавачи.
- тематски изложби во витрините на Француски културен центар :
Витрините на Францускиот културен центар ги анимираат минувачите и посетителите преку илистрирани тематски изложби : архитектура, биолошка разновидност, стогодишнина од раѓањето на познати писатели, се дел од низата теми на изложувања.
тековни настани :