Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Nous trouver, nous écrire


Nos activités récentes :

Двојазична настава во основно образование

 

РАНО ДВОЈАЗИЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
Изучување на францускиот јазик уште од прво одделение?
Да се учи францускиот јазик на поинаков начин?
-         Секако дека е возможно!
Што значи рано двојазично образование?
-         учење на францускиот јазик преку игра уште од прво одделение во пет училишта во сообразност со државната образовна програма
-         изучување на францускиот јазик преку различни предмети: природа и општество, физичко, музичко и ликовно образование, математика
Денес постојат седумнаесет паралелки во основните училишта: повеќе од 500 ученици ја следат оваа настава на француски јазик која ја изведува професорка по француски јазик, во присуство на одговорните учителки на одделението.
Зошто рано двојазично образование?
-         бидејќи на 7 години се учи побрзо
-         бидејќи се учи преку игра
-         за да се користи францускиот јазик како средство за да се дојде до нови знаења
-         за да се биде европски граѓанин
-         бидејќи земјата е полноправна членка на Франкофонијата
Каде ?
-         во училиштето „Димитар Миладинов“ во Скопје (бул. Кочо Рацин, бр.17, тел. 02 3 161 448 или 3 114 216) ( погледнете ја исто така и страницата Што е Ц.Д.И. ?)
-         во училиштето „Лирија“ во Тетово (бул. ЈНА, бр.6, тел. 044 335 583)
-         во училиштето „Крсте Мисирков“ во Куманово (ул. Народна Револуција бб, 031 424 231)
-         училиштето „Кирил и Методиј“ во Битола (бул. 1-ви Мај, бб, тел. 047 237 222)
-         училиштето „Гоце Делчев“ во Неготино (тел. 043 361 534 или 360 405)
Партнери :
-         Амбасадата на Франција
-         Министерството за образование и наука
-         Канцеларијата за развој и образование 
За дополнителни информации, обратете се до:
-         Канцеларијата за образовна и јазична соработка 
(тел. 02 3129 288 или на електронската адреса: coopedu@cledu.org.mk)
-         до погореспоменатите училишта

Demandez le programme