Македонскиот аудиовизелен пејзаж ви нуди можност да следите повеќе француски и франкофонски медиуми. Тие ви даваат разновиден и поинаков пристап кон информацијата. За оние кои не го разбираат францускиот јазик, некои од нив емитуваат и на други јазици, меѓу кои и на англиски.
Доколку сакате да го слушате, збогатите или да го усовршите вашиот француски јазик и, на тој начин, да ги подобрите вашите знаења, преку поголемите кабелски оператори можете да ги следите слените медиуми, кои ќе ви овозможат да останете во контакт со францускиот јазик :
● Франкофонскиот канал ТВ5 Монд: го емитуваат неколку кабелски оператори во Македонија, меѓу кои Кабелтел и Телекабел. Програмската шема можете да ја најдете на интернет страницата на ТВ 5 Монд. На младите им ги препорачуваме емисиите на ТиВи 5 МондПлус, специјално наменети за нивна возраст. Ве покануваме истите да ги откриете и на интернет, лесно е и забавно !
● Во палетата на кабелскиот оператор Телекабел, можете да го следите информативниот канал Франс 24. Програмите се достапни на француски и англиски јазик.
● Франс 24 уште на почетокот беше веб телевизија, пред воопшто да започне со емитување во етерот. На интернет можете директно да ја следите Франс 24, или да пристапите и да ги прегледате програмите емитувани во последните 24 часа.
● Франс 24 на интернет е канал кој ви дава можност и вие да учествувате : можете да реагирате или да испратите коментар. Што се однесува до интевјуата на Франс 24, можете да испратите видео прашање. Рубриката на посматрачи ги црпе информациите од жителите ширум светот. И вие можете да станете посматрач на Франс 24 (повеќе информации во рубриката за посматрачи).
● Радио Франс Интернасионал емитува програми на француски јазик, во Скопје и околината на фреквенцијата 91,3 МХ. Информативни емисии на македонски и албански јазик се интегрирани во програмската шема, кои можете да ги слушнете во утринските часови.
● Кабелтел и Телекабел емитуваат емисии на РФИ.

● Посетете ја интернет страницата на РФИ која ќе ви даде широк увид во прграмската шема, во најновите информации и можност да слушате радио на интернет.
● Македонската телевизија (МТВ) презема емисии на француски јазик од каналот АРТЕ; тоа се програми со висок квалитет, титлувани на македонски или албански јазик.
● «Курје де Балкан» претставува извонреден франкофонски информативен портал за регионот. Прочитајте ги преводите на француски јазик на статии од локалните весници, за да имате увид во настаните од регионот.
● Повелете во медијатеката на Францускиот центар „Жан Моне“ и запознајте се со богатиот избор на весници и списанија. Можете да ги следите актуелните настани благодарение на дневниот весник „Ле Монд“ и на списанијата од општо-информативен карактер. Специјализираните изданија пак, ви даваат можност за продлабочени информации и за разонода.