
Петок 23 април 2010, 16ч30
ОУ "Ѓорче Петров"

"Младите во Европа", изложба наменета за младите, како и "Биодиверзитетот и поврзаноста со живиот свет" и "Енергија, кој е нашиот избор за иднината", дел од цилкусот педагошки изложби на тема екологија, ќе бидат отворени 10 дена за учениците, родителите, професорите и посетителите.
Отворањето на трите изложби е предвидено во рамките на партонатот на основното училиште "Ѓорче Петров".
Изложбите официјално ќе бидат отворени од страна на г-дин Зоран Бошковски, Директор на училиштето, г-дин Сокол Митревски, Градоначалник на општина Ѓорче Петров (во очекување на потврда) и г-дин Пол Сулигу, Аташе за француски јазик при Амбасадата на Франција.
Веднаш потоа следи музички натрпевар за учениците од училиштето, чие жири ќе биде составено од познати македонски пејачи. Натпреварот ќе започне со изведбата на француската песната "Вампири" на Овердрим.