
Свечено отворање
„Кралот e мртов“
Сабота 18 септември 2010, 20ч
Младински културен центар
Оваа година, фестивалот МОТ ќе биде во знакот на Франција. Во рамките на богатата фестивалска програма, публиката ќе може да види три француски или франкофонски претстави :
Сабота 18 септември 2010, 20 часот
Младински културен центар
Официјално отворање на фестивалот МОТ Театарска копродукција помеѓу фестивалот Екс-Понто од Словенија и театарот Еш од Луксембург, меѓународниот театарски фестивал МОТ и националната сцена од Бајон Јужен Акитен.
„Кралот е мртов“ на Ежен Јонеско
Продукција : Лезар Муван
Со Жак Бурго, Мари Крејол, Дафне Милфоа, Карел Прињо и Лоран Шуш
Претставата „Кралот е мртов“ зборува за смртта како неизбежен момент од животот. Во
описот на своето дело, Јонеско вели дека претставата е „обид да дознаеме што има на другиот свет“.
Дознавајќи дека смртта му се ближи, кралот е зафатен од чувство на паника и немоќ , една состојба зачинета со црн хумор и сарказам - карактеристични за Јонеско !
Со поддршката на Културфранс.
На програмата:
Недела 19 септември 2010, 22ч30
Младински културен центар
„Либидо сиенди“ од Паскал Рамбер
Со Икуе Накагава и Лоренѕо де Анжели
Продукција : Театар Женевилие, Национален драмски центар за современо творештво
Во копродукција со фестивалот Монпелие Данс 2010
Какво значење може да има сексуалниот акт на сцена ? Дали еден таков акт може метафорички да биде поделен ? Насловот на претставата „Учам преку сексот“ е израз верен на оваа провокативна пиеса, која ги соединува двајцата актери, наизменично голи или облечени на сцената, разговарајќи или допирајќи се.
Среда 22 септември 2010, 20 часот
Младински културен центар
„Париска мансарда : застранетиот Сјоран“, според Матеј Вишниек
Режија : Раду АфримСо Марја-Лена Жункер, Мари Лин, Елена Попа, Андреј Елек, Константин Кожакару, Валер
и Планке, Лик Шилц
Добитник на Големата награда на Фестивалот Оф во Авињон во 2010.
Матеј Вишниек во својата претстава говори на еден трагикомичен начин за филозофот Емил Сјоран во понапредна возраст, правејќи споредба помеѓу денешниот, заболен од Алцхајмеровата болест, и оној во младоста, циничен и саркастичен.