Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Nous trouver, nous écrire


Nos activités récentes :

Саем за студии во Франција


 

Вторник 25 октомври 2011, 10ч
Дом на АРМ

Неговата Екселенција Господинот Амбасадор Жан-Клод Шлумберже официјално го отвори Саемот на студии во Франција, на 25 октомври 2011 година во 12:30 во Скопје, во присуство на Госпоѓа Наташа Јаневска, Државен советник во Министерството за образование и наука. Овој саем ја означи македонската етапа од Саемските денови за студии во Франција за 2011 година коишто, по Албанија и Македонија ќе ја посетат Србија и Бугарија.На тој начин, повеќе од 500 средношколци и студенти имаа можност, во текот на целиот ден, да добијат од француските високи школи и универзитети, од претставниците на универзитетите со франкофонски програми од регионот присутни на саемот, како и од Бирото на КампусФранс во Скопје, информации за студиите во Франција и програмите за стипендии.Бирото на КампусФранс во Скопје, сместено во просториите на Францускиот институт, им стои на располагање на сите што сакаат да добијат поопширни информации за тие елементи ; заинтересираните може да ја контактираат г-ѓа Сузана Пешиќ, Одговорна за Бирото КампусФранс, на + 389 2 3129 288 / skopje@campusfrance.org

Погледнете ја програмата и листата на учесници

Demandez le programme