Недела на францускиот филм
Од урнебесна венчавка до трилери, во ритам на празникот на францускиот филм !

од 2 до 6 ноември 2011
Кино „Милениум“ и „Фросина“


Среда 2 ноември 2011, 20 часот
Кино „Милениум“
Свечено отворање со шармантната хит-комедија, која ја освои Франција
„Жените од шести кат"
на Филип Ле Ге (2011), со Фабрис Ликини и Сандрин Киберлен.
Париз, 60-тите години. Жан-Луј Жубер, сериозен референт во менувачница и „незгоден“ татко, дознава дека една група весели шпанци живее... на шестиот кат од неговата буржоаска зграда.
Погледнете го трејлерот.
Манифестација свечено ја отворија
Н.Е. г-дин Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција, и
г-дин Валтер Лојкс, Заменик Амбасадор на Германија.
* * * * * * *
Четврток 3 ноември 2011, 20 часот
Кино „Фросина“
„Свадбена торта“
на Дени Грание-Дефер (2010), со Клеманс Поези и Жереми Рение.
Беранжер и Венсан се венчаваат во духот на буржоаската традиција. За некои среќен ден, за други не толку весел...
Погледнете го трејлерот.
* * * * * * *
Петок 4 ноември 2011, 20 часот
Кино „Фросина“
„Киднапирање“
на Лука Белво (2009), со Иван Атал и Ан Консињи.
Станислас Граф, моќен бизнисмен, е киднапиран едно вообичаено утро пред зградата во која живее од еден водич на криминална група. Тука започнуваат жестоки повеќенеделни перипетии...
Погледнете го трејлерот.
* * * * * * *

Сабота 5 ноември 2011, 20 часот
Кино „Фросина“
„Сè што сјае“
на Жералдин Накаш(2010), со Лејла Бекти и Жералдин Накаш.
Ели и Лила се како сестри. Сепознаваат од деца, делат сè и заедно сонуваат запоинаков живот. Живеат во ист дел во париското предградие,на десет минути од Париз.
Погледнете го трејлерот.
* * * * * * *
Недела 6 ноември 2011, 20 часот
Кино „Фросина“
„Лујза и Мишел“
на Густав Кеверн и Беноа Делепин (2008), со Јоланд Моро, Були Ланерс и Беноа Пеолворд.
Шефот на фирма за закачалки ги празни просториите за да ја пресели фирмата. Утредента, неколкумина работнички се обедунуваат околу заедничка цел: „да го истераат“ шефот-бандит за сметка на професионалец.
Погледнете го трејлерот.


