Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Контакт

Нашиот тим

Минати настани :

Дебата

„Државата и религијата денес“
со Жан Боберо, историчар, социолог, писател
и еден од моментално најистакнататите
француски интелектуалци во Франција 
 

 
Четврток 1 декември 2011, 19,00 часот
ЕУ Инфо центар

Прослава на Ново Божоле


Сабота 19 ноември 2011, 13 часот
Трговски центар „Веро“

Фестивал на современ танц

Настап на групата
„Public in private“
„Леснотија“ со Клеман Клајс

Понеделник 24 октомври 2011, 20 часот
Младински културен центар

Кинопразник !

Недела на францускиот филм 
Од урнебесна венчавка до трилери, во ритам на празникот на францускиот филм
!

од 2 до 6 ноември 2011
Кино „Милениум“ и „Фросина“

Скупифестивал 2011

„DreamStories... à plus“ 
Среда 9 ноември 2011, 21ч30
МНТ

Медицина

Промоција на книгата на доктор Драган Илиевски
„Алцјахмерова болест:
како да се остане млад“

Среда 21 септември 2011, 19ч
ЕУ Инфо центар

Концерт

на Камерниот оркестар од Тулуз 
во рамките на фестивалот Охридско лето

Вторник 16 август 2011, 21 часот
Црква Света Софија – Охрид

Европски ден на јазиците 2011

„Повеќе јазици, едно семејство:
преку повеќејазичност до интеркултура“

Понеделник 26 септември 2011, 13 ч
ЕУ Инфо центар

Музика од светот

Концерт на корзикански
полифонични песни
„А Филета“
Во рамките на отворањето
на фестивалот Оффест
A Filetta
Четврток 2 јуни 2011, 20 часот
Македонска опера и балет

Културна соработка

 Следни манифестации

Францускиот културен центар, преку редовните и разновидни уметнички активности, остварува богата размена со скопската публика. Во рамките на овие активности, бројни француски и франкофонски уметници од различни дисциплини ги претставија своите креативни можности пред една свежа и побарувачка публика. Најчесто, уметниците заминувале задоволни од нејзиниот интерес и топол пречек.
Давајќи им приоритет на новите естетски форми, Францускиот културен центар има цел и политика да ги претстави иновативните аспекти на современите француски творби пред уметничка и публика жедна за средби. На овој начин, тој придонесува за локалниот развој на естетските форми, чие изградување е врз основа на размени и обуки.
Франкофонијата, како носител на лингвистичка и културна разнообразност, како и на онаа на уметничкиот израз, е актуелна тема во земјата-домаќин. Освен што франкофонијата е насочена кон промовирање на францускиот јазик преку едукативни проекти, таа зазема почесно место во културната програма во месец март : се празнува преку манифестации кои го ставаат во преден план францускиот јазик, како што се музички концерти и театарски претстави.
Францускиот културен центар, непрекинато и со рамномерен ритам, преку организирање на најразлични настани во текот на изминативе триесет години, ја презентира современата француска творба преку најразлични облици:

         Содржина
1. СЦЕНСКИ УМЕТНОСТИ
-         театар: театарот е носител на францускиот јазик и на богати и разновидни форми на изразување и затоа отсекогаш имал почесно место во културната програма. Познати личности, како режисерот Антоан Вите (1984), актерите Пјер Ардити (1990) и Реџеп Митровица (1997), се само дел од најславните посети, кои го вжештија театарскиот под, на задоволство на скопската публика. Францускиот културен центар покани бројни театарски гости, благодарение на поддршката на институционални партнери, како што се Македонскиот народен театар, Драмскиот театар од Скопје, Театарот на националностите од Скопје и Народниот театар од Битола.
Претходни манифестации 
-         улични уметности и нов циркус: скопската публика откри нови и непостоечки дисциплини во земјава, благодарение на Францускиот културен центар. Театарски групи, како што се Пластисјен Волан или Малабар во 2000-та година и во 2006 година, ја изненадија широката публика и беа на првите страници на дневните весници. Акробатот Жером Тома, кој се претстави во 2001 година, ја одушеви со својата маестралност бројната и вчудовидена публика. Настапите честопати беа дополнети со обуки на локалните уметници.
Уличните уметности беа прифатени до степен на нивна редовна и традиционална посета, благодарение на одличната соработка помеѓу Собранието на град Скопје, Младинскиот културен центар и Францускиот културен центар. Така, секоја година, кон крајот на септември, на централниот градски плоштад, настапува една француска група, во знак на затворање на алтернативната сцена на меѓународниот фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ), но и во знак на отворање на „Белата ноќ“, културна манифестација инспирирана од истоимениот париски настан, но прифатена од град Скопје.
            Претходни манифестации:  
-         танц: современиот француски танц се востанови и во Скопје, благодарение на напорите на Францускиот културен центар. Почнувајќи од групата на Прељокаж, преку Карин Сапорта или Жан-Франсоа Дирур, потоа двојката Жоел Бувје и Режи Обадја од Северниот балет, под раководство на Алфонсо Ката, па сè до Младиот балет од Франција, бројни се француските групи кои, претставувајќи ја својата кореографија, ги предизвикаа љубопитноста и интересот на балетскиот корпус. Тие го отворија патот за меѓусебна размена и копродукција : повеќе активности и обуки се водеа со балетска група од Скопје, со која кореографот Џемс Амар реализира две точки на балетската сцена и така ја отвори културната сезона, во септември 2005, со Силфида“.
Институционални партнери: Македонска опера и балет
            Претходни манифестации: 
-         музика: музиката, како универзален јазик, е најприсутен вектор на француската култура. Да наброиме неколку манифестации : бројните соработки со филхармонискиот оркестар и познати гости, како со пијанистот Франк Брале или виолинистката Марина Шиш, потоа славните моменти со класични музички формации, како оние на триото Варендер или на квартетот Лудвиг, незаборавните концерти со забележителни фигури, како Анри Тексје на Скопскиот џез фестивал, мешавината на музички жанрови, како онаа на Даара Ј на Оф фестивалот, концертите на француски шансони во рамките на прославата на франкофонијата и вечерите на електронска музика, ја прават листата на музички настани сè подолга. Во изминатата година, Францускиот културен центар, во соработка со Факултетот за музичка уметност, презеде активности за обука, со што 2006 година мина во знак на чембалото.
Празникот на музиката потекнува од Франција, но беше меѓународно широко прифатен. Денот на музиката се совпадна со отворањето на фестивалот „Скопско лето“, чија дата беше избрана за конкретна цел. Имено, на тој ден, за првпат во 2007 година во Скопје, беше прославен овој празник, во неговиот оригинален дух, благодарение на заедничките напори на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје и на Францускиот културен центар. Овие средби им овозможија на голем број музичари, да настапат на пешачката зона во центарот на градот до доцните часови.
-          филмови и аудиовизуелни активности:
Филмовите отсекогаш биле едно од главните случувања во културната програма. Така, учествата на Скопскиот филмски фестивал или гостувањата на режисери и директори на фотографија на покана од филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ од Битола, потоа редовните соработки со киното «Фросина», член на мрежата Европски кина, преку реализација на недели на француски филм, како и преку проекции на филмови за наследството во реновираната Кинотека, се само неколку примери од постојаните културни случувања на ова поле.
Одржани проекции 
Помеѓу другото, Франција развива една филмска соработка, наменета за поддршка на филмската продукција и разновидноста на светската филмографија. Министерството за надворешни и евроспки работи и Министреството за комуникација и врски го основаа фондот Fonds Sud cinéma, кој одобрува помош за различни етапи на филмската продукција, со доставено сценарио.
Филмот „Јас сум од Титов Велес“, на режисерката Теона Митевска, беше помогнат од Fonds Sud.
Високата школа за аудиовизуелни уметности од Париз отвори филијала во Скопје и на младите им нуди можност за студии, во траење од три години, за професии поврзани со филмот, телевизијата, комуникацијата, синтетизирани звук и слика.
Филијалата на ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк ги отвора вратите за првите студенти во октомври 2007 година.
           
            ◊ « L’Art à part Production » е македонско-француско претпријатие, кое ги презеде старите студија на Националното радио со цел создавање простор за снимање филмска музика во Скопје.
◊ Општината на Битола создаде проект за создавање кинематографска продукциска куќа „Филмланд“, која поаѓа од можностите, инфраструктурата и богатствата на пејзажите на градот и неговиот регион. Градоначалникот го претстави својот проект во рамките на годишната средба за француска аудиовизуелна соработка на западен Балкан, која се одржа на Пелистер во 2007 година.
2. ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
-         изложби: Францускиот културен центар претстави и постави повеќе француски изложби, на соодветен простор: Музеј на современа уметност во Скопје, Музеј на Македонија, Музеј на град Скопје, Национална галерија, и на тој начин допре до разни уметнички дисциплини, како современата уметност, фотографијата или архитектурата. Еден фотографски патепис од Истокот го пронајде своето природно место во галеријата Чифте Амам, додека еден друг видео колаж димензионално ја осмислува галеријата „Мала станица“.
Претходни изложби  
3. РАЗМЕНA И ОБУКИ
-         уметнички престои: Францускиот културен центар редовно ги информира локлните уметнички кругови за можностите за престој во Франција:
·        Министерството за надворешни работи и општината на Париз секоја година повикуваат кандидати за престој во резиденцијата за странски уметници Реколе
·        Меѓународниот универзитетски кампус од Париз, прима кандидати - професионални уметници од странство за престој во Париз, во траење од 3 до 12 месеци.
-         стажеви и обуки:
Повеќе стажеви и обуки им се достапни на младите и на професионалците, кои имаат желба за усовршување:
·         Факултетот за уметност од Белград во соработка со Универзитетот Лион 2 и Универзитетот за политички науки од Гренобл нудат студии по регионален мастер по менаџмент и културна политика на Балканот  
·         Министерството за култура и комуникации и асоцијацијата Дом на светските култури предлагаат тринеделни стажеви на професионалци франкофони од полето на културата, насловени како : „Куран ди монд

Настани - МК

Nastani

Кликнете "j'aime" и

придружете ни се на Фејсбук!

Кански филмски фестивал

од 16 до 27 мај 2012

Меѓународно волонтерство на Франкофонијата

Краен рок за достава на кандидатури:
22 мај 2012


Летна школа во Поатје

Дати:
од 1-ви до 11 јули 2012