Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Контакт

Нашиот тим

Минати настани :

11-ти Европски летен универзитет на мрежата на ОФФРЕС

„Аргументација. Право, политика, наука“

од 16 до 24 јули 2011
Конгресен центар во Охрид

Саем за студии во Франција


 

Вторник 25 октомври 2011, 10ч
Дом на АРМ

Летен универзитет во Струга 2011


од 4 до 8 јули 2011 година

Образовна соработка

Француски јазик

Поддршката во изучувањето на францускиот јазик, со цел да се постигне добро владеење со истиот од страна на одредена група луѓе, е суштинска во доменот на соработката. Францускиот јазик е средство на образованието и вектор за ширење на размената на идеи.

Изучувањето на францускиот јазик нуди повеќе предности во земјава:
- обновување на поволната клима за економска размена со Франција (пример е започнувањето со работа на банкарската групација „Сосиете женерал“);
- можност за универзитетски обуки на француски јазик, на Балканот или во Франција;
- интересот за јазикот кој го пројавуваат неколку општини и голем број родители;
- франкофонската градинка, која брои околу шеесетина деца;
- постоењето франкофонска традиција кај елитата, наследена уште од турскиот и југословенскиот период;
- членството на Македонија како полноправна членка во Меѓународната организација на франкофонијата, од септември 2006 година;

Двојазични паралелки

Основната програма за соработка за изучување на францускиот јазик е востановување на воедначена мрежа двојазични паралелки во рамките на македонскиот образовен систем. Засиленото или специјализирано изучување на фарнцускиот јазик се протега од најраната возраст, па сè до високообразовните студии. Оваа мрежа опфаќа франкофонска градинка во Скопје, двојазични паралелки во основни и средни училишта во пет града во земјава (Битола, Куманово, Неготино, Скопје и Тетово), катедри за француски јазик на универзитетите и две мастер-студии на француски јазик.

Од историски аспект, првата гимназиска двојазична паралелка е отворена во 1997 година; шест други гимназии се приклучија во 1999 и во 2000 (со една измена во 2004 година). Паралелно, двојазични паралелки се оформуваат во основни училишта во истите овие градови, со цел да се обезбеди континуитет.

Обука на професорите

Паралелно со двојазичните паралелки, почнувајќи од 2005 година се реактуелизира поддршката за изучување на францускиот јазик како наставен предмет. Напорите во таа насока ќе продолжат, дотолку повеќе што малиот број ученици од двојазичните паралелки не може да обезбеди доволно кандидати за проектите за соработка на следните нивоа, во средното или високото образование.

Настани - МК

Настани образование

Меѓународен научен собир

на тема

„Францускиот јазик,книжевност и култура во франкофонски контекст“

Понеделник 12 декември и
вторник 13 декември 2011
Филолошки факултет
„Блаже Конески“ во Скопје

Соопштение за печат

"26 македонски студенти ќе заминат оваа година 
на француски универзитети"

Изложби


Петок 23 април 2010, 16ч30
ОУ "Ѓорче Петров"