
Тест за познавање на францускиот јазик (ТЦФ)
Што е тоа ТЦФ ?
ТЦФ е потврда за јазично ниво на француски јазик, која што ја издава Француското министерство за образование. Преку стандардизиран тест, нивото на кандидатите се определува со помош на шесте нивоа од рамката за јазици, дефинирана од Советот на Европа.
ТЦФ се однесува на кандидати не франкофони, кои сакаат да го утврдат своето ниво во познавањето на францускиот јазик од лични, професионални или универзитетски причини.
Тестот е организиран во вид на прашалник со одговори со заокружување (80 прашања) од доменот на писменото разбирање, владеењето на јазичните структури и усното разбирање.
Тестот содржи истотака и факултативни делови на усно и писмено изразување.
Три задолжителни испити Два факултативни испити
- писмено разбирање - усно изразување
- владеење на јазичните структури - писмено изразување
- усно разбирање
ТЦФ за Квебек е наменет исклучиво за кандидатите кои доставуваат досие за имиграција во имиграционото биро во Квебек.
Верзијата ТЦФ - Меѓународни односи се однесува на лицата кои сакаат да го евалуираат нивното ниво на француски јазик во контекст на меѓународните односи (дипломати, меѓународни службеници, национални експерти, студенти на меѓународни односи или политички студии).
Тарифи :
Задолжителни испити : 3500 ден.
Задолжителни испити + 1 факултативен испит : 5000 ден.
Задолжителни испити + 2 факултативни испити : 6500 ден.