Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Контакт

Нашиот тим

Минати настани :

Подинамични часови со интерактивни табли


Обука од 15 до 17 декември 2010

Сесија ДЕЛФ ПРИМ


уписи: од 15 до 30 март 2011

Отворен ден

на 8 јуни 2010, од 10 до 21 часот, во нашето училиште на ул. Максим Горки бр. 18

Пробајте го изучувањето на францускиот јазик со модерни методи и современи технолошки средства.

Новогодишна забава


со слушателите по француски јазик

Часови по француски јазик

                                       

Сакате да научите француски јазик,
          да го обновите вашето знаење
или да стекнете повисоко ниво?

                         Францускиот културен центар е ваш партнер!
 

Францускиот културен центар и неговиот педагошки тим ви предлагаат методичен и разновиден начин на изучување на францускиот јазик, прилагоден на вашите потреби и мотивација.

 Започнувајќи од забавните активности за децата, па до подготовката за добивање сертификати за влез во универзитетите, преку изучување на јазикот од професионални потреби и изучување по сопствена иницијатива, без да се заобиколат задоволството при конверзацијата за време на часовите и отвореноста кон светот, Францускиот културен центар е отворен за сите заинтересирани кандидати. 
Во повеќе државни институции се одржуваат часови по француски јазик за државни службеници. Дефинирани се со договор помеѓу Амбасадата на Франција и соодветната јавна институција, чијшто ангажман во повеќегодишната обука, треба да овозможи напредно ниво на користење на јазикот. Оваа јазична обука е реализирана од Францускиот културен центар, во рамките на проектите за соработка која ги води Амбасадата.

Главните цели на часовите се :

·         брз развој на вештините за комуникација на француски јазик ;
·        постепено овозможување на пристап до пишан и аудиовизуелен материјал на францсуки јазик, како и осознавање на културните добра на франкофонијата, развивање дебати на идеи и пристап до научни и технолошки сознанија;
·         отворање на можноста за стекнување со искуства во Франција, благодарение на стекнатите знаења по француски јазик, во една подолгорочна перспектива: или преку почетна обука, односно преку студии во Франција , во рамките на една достапна и висококвалитетна универзитетска мрежа, или преку следење на континуирана обука.
Часовите по француски јазик ги реализира добро обучен и стручен педагошки тим, во групи со мал број слушатели. Тие се засноваат на аудиовизуелни методи изработени од врвни професори при специјализирани издавачки куќи во областа на педагогијата. Материјалите кои се користат се дел од разновидна палета средства за изучување на јазикот : книга за ученик, работна тетратка, тестови за проверка на знаењата, снимен аудио материјал наменет за ученикот (на цеде или касети), аудиовизуелен материјал.
Професорите работат преку комуникативен пристап на француски јазик и на совладување на четирите јазични вештини: усно и писмено разбирање и усно и писмено изразување. Педагогијата е спој на предавачот и ученикот. Со заеднички напори од двете страни, успехот е нема да изостане!
            Часовите по општ француски јазик се распоредени во три сесии:
·         од септември до јануари
·         од февруари до јуни
·         интензивен летен курс

Настани - МК