Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Контакт

Нашиот тим

Минати настани :

Сесија ДЕЛФ ПРИМ


уписи: од 12 до 30 март 2012

Подинамични часови со интерактивни табли


Обука од 15 до 17 декември 2010

Отворен ден

на 8 јуни 2010, од 10 до 21 часот, во нашето училиште на ул. Максим Горки бр. 18

Пробајте го изучувањето на францускиот јазик со модерни методи и современи технолошки средства.

Новогодишна забава


со слушателите по француски јазик

Часови

Научете француски јазик со леснотија,

          откријте ја неговата убавината и богатство,

                       доближете се до француските идеи и култура.
 
Опција за секого: можете да ја погледнете нашата понуда.
 
Општите сесии содржат 51 час настава и чинат 8 600 денари, за полна тарифа; распоредот и цените можете да ги најдете во каталогот на понуди. За помалите нудиме полесна форма на учење. Тука сме да ги чуеме вашите посебни потреби, на кои ќе се обидеме да одговориме.
 
Следна сесија
Почеток на часови, траење и уписни дати.
Погледнете во распоред.
 
Услови за упис и плаќање
 
Уписи
При првиот упис, задолжително е лично да се појавите во Францускиот културен центар во текот на уписниот рок. Доколку веќе поседувате одредено ниво на познавање на јазикот, треба да направите бесплатен тест, со кој ќе се одреди групата која соодветствува на вашето ниво.
Во моментот на запишување потребно е да пополните формулар за запишување на часови, во кој се наведени условите за упис и цените.
 
Уписот во соодветната група е валиден во оној момент кога ја уплаќате сумата од најмалку првата рата, која одговара на типот на избраниот курс.
 
Плаќање
Сумите за упис на часовите се плаќаат однапред.
Целосната сума на часовите може да се регулира преку повеќе месечни рати, составени од нееднакви суми. Се овозможува попуст од околу 10 % при плаќањето однапред на целосната сума, согласно ценовникот за часови.
Плаќањето на часовите е во денари и во готово, во Францускиот културен центар, во текот на работното време (од понеделник до петок, од 10 до 18 часот и сабота, од 10 до 13 часот). Назначените крајни дати за уплаќање на ратите треба да се почитуваат.
 
Овозможен е попуст од 10% при упис на два члена од исто семејство.
По почетокот на часовите, ФКЦ не ќе биде во можност да ја врати уплатената сума.
 
Цената на книгата за ученик и работната тетратка, како и уписот во медијатеката на Францускиот културен центар, се вклучени во цената на часовите.
 
Место на одржување на часовите
 
Часовите по француски јазик се одржуваат на три локации :
- 6 простории на адреса : ул. Максим Горки бр.18, 1000 Скопје
- 1 просторија во меѕанинот на медијатеката : Градски ѕид, блок 5, 1000 Скопје

 Неколку интернет страници за подобро да научите француски јазик

 Имате желба да го вежбате францускиот дома, пред вашиот компјутер? Многу е лесно. Доволно е да отворите некоја од следните страници на интернет и да се нурнете во светот на практични вежби, игри, дијалози... и сето ова со цел подобрување на вашиот француски.
Часови преку интернет за да го научите и продлабочите францускиот јазик на забавен начин, со помош на инспектор Дифлер. Вежбите ви овозможуваат да работите на граматиката и вокабуларот во дадена ситуација, а особено на информациите потребни за да го (ги) откриете виновникот (виновниците) во полициската приказна.
Bonjour de France е едукативен и бесплатен интернет «магазин». Содржи вежби, тестови, игри за учење на францускиот јазик, како и педагошки досиеја наменети за професорите по странски јазик.
Страницата на меѓународниот франкофонски телевизиски канал Tv 5 monde, предлага емисии, програми, вести, метеоролошки информации, музика... но и квизови, диктати, игри со зборови и интерактивни вежби за учење на француски јазик.
Оваа страница нуди можност да вежбате преку интернет или во целост да ја симнете нејзината содржина. Тој е организиран во неколку теми : вокабулар (делови од телото, часови, животни...), раскази на одредена граматичка содржина (вежби за слушање, читање и пишување) и игри за учење на броевите.
Оваа страница предлага бројни фонетски и граматички активности, приказни, игри, квизови врз основа на тематски речник. Целта е да се работи на збогатување на лексиката кај ученикот.
 
На тема франкофонска песна, оваа страница нуди богат избор песни на разни теми, организирани по нивоа (почетно, средно и напредно ниво), по цели (граматика, речник, правопис, фонетика, писмено разбирање и цивилизација). Документите се автентични и дадени во целост. Секоја песна е интерпретирана, потоа проследена со текст со празни места, дополнет со помош за речникот.

Настани - МК