Студии во Франција и на Балканот
Сакате да го надградите вашето досегашно образование, да ги проширите можностите во професионалниот живот и да ги зголемите вашите можности за влез на пазарот на работна сила студирајќи во Франција? Вашиот избор е избор на квалитетно и достапно образование.
Францускиот образовен систем нуди голем избор на студиски програми кои одговараат на потребите на модерната економија. Заради тоа, во Франција студираат голем број странски студенти (повеќе од 250.000). Францускиот високообразовен систем не прави никаква разлика во однос на потеклото на студентите. Странските студенти ги уживаат истите права како и француските:
- имаат ист статус
- плаќаат исти износи за школарина
- добиваат иста диплома
Подобро е да се подготвите што е можно порано: размислете за изборот на студиите, процедурите за запишување одземаат доста време. Од друга страна, и покрај тоа што некои студии се нудат на англиски јазик, за поголемиот број програми одличното познавање на францускиот јазик е неопходно, а за стекнување на истото е потребно време. Францускиот културен центар во Скопје, Француските алијанси во Битола и во Тетово организираат курсеви по француски јазик и овозможуваат пристап до разни печатени и аудиовизуелни материјали на француски јазик.
Организација на студиите во Франција
Запишување на француски универзитет
Финансирање на вашите студии во Франција
Француски студии во регионот
За повеќе информации за сите програми, обратете се до Бирото на КампусФранс. КампусФранс Агенцијата КампусФранс има за цел да го промовира француското високо образование и да го олесни пристапот на странските студенти до француските универзитети. КампусФранс во Скопје постои од февруари 2001 година и претставува информативен оддел во рамките на Францускиот културен центар и Бирото за образовна и јазична соработка, наменет за информирање на студентите за сé што е врзано со високообразовните студии во Франција и студии на француски јазик на Балканот. Улогата на овој оддел е да ви даде совети во однос на процедурите, да ви понуди сертификати за нивото на познавање на јазикот или да даде совети за да подготвите квалитетна апликација. Се наоѓа во Францускиот културен центар во Скопје, до медијатеката и е отворен за сите оние кои сакаат да продолжат со високото образование во Франција или на франкофонските студиски програми во регионот.
КампусФранс може да ви помогне :
-
да ја најдете соодветната студиска програма
-
да ја подготвите вашата кандидатура
-
да ви даде практични информации околу студентскиот живот во Франција
-
да ве информира за програмите за стипендија
Како и да ви ги даде потребните информации за:
- високото образование во Франција
- процедурите за запишување на додипломски студии- процедурите за запишување на Мастер и Докторат- можности за француски студии во регионот
Француски културен центар
КампусФранс
Градски ѕид блок 5, Скопје
Работно време за консултации: од понеделник до четврток од 10:00 до 14:00
Лице за контакт : Сузана ПЕШИЌ
Телефон (02) 312 92 88 Факс (02) 32311 83 86
Е-маил: coopedu@cledu.org.mk
Корисни веб страници:
Agence CampusFrance
CNOUS
EGIDE
Ministère français des affaires étrangères
Logement/accueil des étudiants internationaux à Paris
Agence universitaire de la francophonie