Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Контакт

Нашиот тим

Минати настани :

Затворање на месецот на франкофонијата

 
Крај на април 2010
Парк на франкофонијата

Саем на франкофонските земји


Трговски центар „Зебра" 
Петок 9 април 2010
од 12 до 17 часот

Натпревари

Во месец март ја празнуваме франкофонијата.
Учествувајте на натпреварите и славете ја франкофонијата!

Официјална прослава на 40 годишнината на МОФ


Петок 5 март 2010, Кинотека на Македонија

Обраќање на Ѓорги Иванов, претседател на Републиката, Н.Е. г-дин Жан-Клод Шлумберже, амбасадор на Франција и Н.Е. г-дин Јордан Плевнеш, ректор на универзитетот.

Франкофонија

 

 

 

Франкофонијата, која поаѓа од еден заеднички јазик - францускиот, покрива универзални вредности како што се почитта кон различноста и правата на народите.

Франкофонијата се зазема за мир, првата аспирација на народите. Таа делува во служба на демократијата, за правна држава и за почит кон граѓаните. Таа застанува во одбрана на разновидноста на цивилизациите во светот, залагајќи се за усвојување на конвенција, во рамките на УНЕСКО, за културна и јазична разнообразност.

Така, поаѓајќи од еден јазик, франкофонијата застанува во одбрана на сите останати јазици. Впрочем, францускиот јазик се поставува како средство за отпор против сеприсутноста на еден единствен јазик, и, на тој начин, како поткрепа на зачувувањето на различните јазици во светот, особено за оние јазици за кои заканата е дотолку поголема колку што народот е помалуброен. Францускиот јазик, со својата книжевна и филозофска традиција, ја носи во себе вредноста на почитта на културите наспроти униформираноста на мислата; тој нуди еден посмел вектор на мислата и идеите.

Секоја година на 20 март, франкофонијата се слави во целиот свет како празник на еден заеднички јазик, но и како одбрана на јазиците и културите кои го чинат човековото богатство.

За оваа прилика, во текот на целиот месец март се нудат културни манифестации за секаква публика, која го говори или не францускиот јазик. Францускиот центар за соработка „Жан Моне" организира активности наменети за младите кои го изучуваат францускиот јазик и кои им овозможуваат да ги покажат своите таленти.

Франкофонијата е вистинска причина за празнување на сите народи на земјата, особено за земјите членки на Меѓународната организација на фракофонијата, кои одлучија да се соединат во валоризирањето на заедничките вредности и, особено, во одбрана на она по кое се разликуваат.

Оваа идеја е одлично пресликана во зборовите на Леополд Седар Сенгор, врежани врз мермерната плоча во паркот на фракофонијата, подарен од град Скопје:

„Нека разликите меѓу нас нè прават побогати
во стремежот кон сеопштите вредности" 

 

Настани - МК