Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Контакт

Нашиот тим

Минати настани :

Франкофонијата во Велес

Изложба на фотографии и
промоција на книга

Среда 30 март 2011
Општина на градот Велес

Културно-историско наследство

Петти европски и меѓумрежни средби
Заштита и привлечност на старите центри


25 и 26 ноември 2010
Културен центар „Мала станица“

Меѓународна конференција

 

9ч30-16ч00,
3-4 март, 2010 г.

Почеток на институционално збратимување помеѓу француската и македонската влада

  

      Франција го споделува своето искуство со Македонија во областа на организација на владата.

Државно управување

Партнерство за
раководење со државата

          Доменот на јавното раководење е приоритет од прв ред во француската соработка. Имајќи ја во вид интеграцијата кон Европската унија, токму правната држава ќе се разгледува со особено внимание: извршното тело и администрацијата во служба на граѓанската заедница, од една страна, и соработката на правното тело со органите за ред и мир, од друга страна.

Франција ги дефинира основните активности на следниот начин :

- придонес во реформите во правните институции ;
- поддршка на реформите во полицијата и на Полициската академија ;
- подобрување на административните капацитети ;
- поткрепа на секторот за трансфузија на крв, целејќи на здравствениот сектор ;
- информативно општество во модерен контекст, кое треба да биде коректно регулирано и да осигури простор за демократска дебата и оттука и поддршката на медиумите, конкретно преку потркрепата во започнувањето на емитувањето на парламентарниот канал.

          1. и 2. Повеќе правда благодарние на подобрен правен апарат и полиција во служба на безбедноста на граѓаните.

          Правниот домен зазема централно место во процесот на развојот на демократските и европските норми, тој е гаранција за еднаквост пред законот. Судот е главната институција чувар на правната држава и гаранција за еднаквост пред законот, која е задолжена да се бори против општествените зла, како што се организираниот криминал, сивата економија, групното раководење со власта и корупцијата.

          Моќта на полицијата да наложи да се почитува законот во еден демократски контекст е друго задолжение на државата. Активностите од француската страна, кои беа водени паралелно во правниот и во политичкиот сектор, се пример за добра усогласеност помеѓу институциите од двата сектора, чија задача е заеднички да работат во насока на почит кон правната држава.

          3. Администрација во служба на граѓаните

          Барање на модерните европски земји е амбициозна администрација во служба на граѓаните. Со цел помош на оваа процедура, француската влада на Вице-премиерот за европски прашања му става на располагање советник за технички прашања со двегодишен мандат (2010-2012).

          Франција ги споделува своите признати способности во областа на административните обуки. Впрочем, врските воспоставени помеѓу администрациите на двете земји, на ниво на централна и локална власт, ги поттикнуваат размените на искуства преку конкретни проекти. Ова се главните аспекти на административната соработка.

          4. Управување во здравството за безбедност на медицинските постапки

          Во областа на здравството, Франција води една специфична активност во секторот на здравственото раководење : безбедност при трансфузија на крв. Француската установа за крв, институција од светски размер, е партнер на македонските институции во воспоставување структури кои ќе одговараат на европските и меѓународните норми.

          Активностите допираа и во доменот на легислативата, преку подготовка на предлог закон. Професионалците беа воведени и обучени за конкретните практики, кои беа прецизирани во регулативата на Министерството за здравство.

          5. Медиуми за информирање на граѓаните

          Франција ја поддржува обуката на новинари на Балканот, конкретно во рамките на МедиаПлан, во Сараево. Оваа структира предвидува обука на ниво мастер започнувајќи од 2010 година и на регионално ниво.

          Во областа на јавната телевизија, француската соработка застана на страната на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) преку реализацијата на парламентарниот канал.

Настани - МК

4-та конференција Балвоа

 

Четвртата меѓународна конференција за вода „Балвоа" ќе се одржи од 25 до 29 мај 2010 година во хотелот Метропол во Охрид.

На овој настан ќе присуствуваат повеќе од 450 учесници од четириесет различни националности.