Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Контакт

Нашиот тим

Минати настани :

Франкофонијата во Велес

Изложба на фотографии и
промоција на книга

Среда 30 март 2011
Општина на градот Велес

Културно-историско наследство

Петти европски и меѓумрежни средби
Заштита и привлечност на старите центри


25 и 26 ноември 2010
Културен центар „Мала станица“

Меѓународна конференција

 

9ч30-16ч00,
3-4 март, 2010 г.

Почеток на институционално збратимување помеѓу француската и македонската влада

  

      Франција го споделува своето искуство со Македонија во областа на организација на владата.

Административна соработка

   

Партнерство за
администрација во служба на граѓаните

          Франција и македонските јавни институции имаат големо заедничко искуство во областа на администрацијата. Во согласност со државните власти, Франција развива програми за континуирана обука за подобрување на капацитетите на човечките ресурси. Меѓу другото, во поглед на европската интеграција, во тек е и интензивно работење на подигнување на нивото на законодавството и на прописите. За оваа цел се развиени посебни партнерства помеѓу администрациите на двете земји. Француските единици на локална самоуправа пројавуваат сè поголем интерес за работа во надор од земјата, во облик на „децентрализирана соработка“ во рамките на партнерства помеѓу единиците на локална самоуправа.

          1. Вложување во човечки ресурси : континуирана обука на државни службеници

          Франција нуди повеќе програми за административна обука : целосна обука за високи државни службеници, долготрајно стажирање во Националната школа за администрација, краткотрајни тематски пракси.

          Соодветните администрации добиваат информација за различните адинистративни обуки


          2. Партнерства за европска администрација

          •   Координација за европска интерграција.

          Француската влада на Заменик потпретседателот на Владата за европски прашања му става на располагање советник за технички прашања за европска интеграција.

          •   Партнерство за подобрување на условите на работното место

          Помеѓу министерства за труд и социјална политика на двете земји беше потпишана програма за билатерална соработка, за да се вклучи европското право во законските прописи за работа.

          •   Заедничко размислување за подобар развој на транспортните средства

          Министерството за животна средина и просторно планирање ја нуди својата стручност во областа на транспортот. Првите теми за интервенција во 2008 година се : пренесување на знаењата во областа на раководењето со патни проекти и подготовка на правен кадар за регулаторната власт на железницата. 

          •   Француска експертиза во јавните финансии

          Финансиите се во основата на современите методи за правилно раководење со јавните ресурси. Франција го започна процесот на децентрализација пред помалку од неколку децении и може да го подели своето искуство во развојот на финансови кадри во рамките на еден таков развој.


          3. Партнерство помеѓу единиците на локална самоуправа
Три историски збратимувања ги поврзуваат македонските со француските општини

- Сеќавањето на Солунскиот фронт го поттикна збратимувањето помеѓу Битола и Епинал кои склучија спогодба во 1968 година. Двата града во 2008 година ја славеа својата четириесет-годишна културна (уметнички натпревар во природа "Мал битолски Монмартр'') и едукативна соработка (партнерство помеѓу гимназиите, размена на ученици).

- Комеморацијата на десетгодишнината од земјотресот во Скопје ја отвори можноста за приближување помеѓу македонскиот главен град и Рубе, коишто склучија договор за збратимување во 1973 година. Оттогаш беа спроведени спортски и уметнички размени, особено во периодот 1980-1990 година. Размената на професори и партнерството помеѓу гимназијата со билингвални паралелки и гимназијата во Рубе внесоа нови содржини.

- Општините во Дижон и во Скопје редовно соработуваат уште од 1961 година во доменот на уметноста. Размена на сликари се одвиваше во периодот 2006-2007 година.
         
          Денес, соработката помеѓу единиците на локална самоуправа помеѓу двете земји се базира на конкретни проекти поврзани со територијалното управување. Главна цел претставува заштитата и вреднувањето на природното и културното наследство, кои ке придонесат кон развојот на туризмот.

          Долна Нормандија е особено ангажирана во техничката и институционалната соработка со повеќе општини во рамките на повеќе области : од електронска администрација во новинарството, па сè до одржливост на туризмот.

          Француските заедници се се повеќе и повеќе мотивирани да работат во меѓународни рамки. Високите Алпи, Ангулем и Ангумоа исто така изготвија проекти за истакнување на вредноста на културното наследство што особено ги привлекува франкофонските туристи.

Настани - МК

4-та конференција Балвоа

 

Четвртата меѓународна конференција за вода „Балвоа" ќе се одржи од 25 до 29 мај 2010 година во хотелот Метропол во Охрид.

На овој настан ќе присуствуваат повеќе од 450 учесници од четириесет различни националности.