
Тркалезна маса
„Каде е Европа?“
Четврток 23 септември 2010, 19 ч
ЕУ инфо центар
Европската унија, која на почетокот беше заеднички пазар, а денес политичка и административна реалност, е сеуште во потрага по идентитет.
Оваа дебата, организирана врз основа на книгата „Места во Европа : митови и граници“ на Стела Гервас, има за цел да ја изнесе размислата и јасното прашање за реалната и менталната топографија на Европа, центрите за наука во модерна Европа, урбаните места, границите, поделеноста, центарот и периферијата, руралниот простор, современата или наменска архитектура и многу други прашања.
Со учеството на: г-ѓа Стела Гервас, специјалист за културна и политичка историја на Европа и истражувач во Институтот за напредни науки во Париз; г-дин Бертран Леви, предавач и истражувач по географија на население при Европскиот институт при Универзитетот во Женева; проф. д-р Милева ЃУРОВСКА, професор на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, Претседател на Европското движење во Македонија, Директор на СЕДИМЕС-Скопје ; доц. д-р Ана ДИМИШКОВСКА, професор на Филозофскиот факултет во Скопје ; проф. Гоце АЏИ-МИТРЕВСКИ, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и г-дин Суад МИСИНИ, аналитичар и Директор на Истражувачкиот центар за граѓанско општество.
Модератор: г-ца Ана ЈОВКОВСКА, новинар, магистрант по комуникации и автор на дебатната емисија «Пулс».
Настанот ќе го отворат: Н.Е. г-дин Ерван ФУЕРЕ, Амбасадор на Европската Унија и Н.Е. г-дин Жан-Клод ШЛУМБЕРЖЕ, Амбасадор на Франција.
Настанот е од отворен карактер и обезбеден е тријазичен симултан превод.
Во рамките на Фонд д'Аламбер и во соработка со Францускиот културен центар од Белград и ЕУ инфо центарот во Скопје.