Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Të na gjeni, të na shkruani

Ekipi ynë

Aktivitet më të reja :

Медијатека




1. Посетете ја нашата медијатека и станете нејзин член
Посетете нè: ве очекуваме и ви стоиме на располагање за да ве пречекаме и насочиме.

Францускиот културен центар од Скопје располага со богат и разновиден фонд материјали, распореден на две нивоа, отворени за посетителите. Користењето на материјалите од медијатеката во нејзините простории е слободно и бесплатно.

Сакате да позајмите материјали за дома? Станете член на медијатеката.
За да можете да позајмувате материјали од медијатеката, потребно е да се зачлените во Францускиот културен центар. Ви предлагаме различни тарифи, во зависност од вашиот статус и тип на документ што сакате да го позајмите. Можете да ги погледнете нашите тарифи.

2. Краток опис на медијатеката
Медијатеката е место каде можете да се информирате за она што е актуелно во Франција, но воедно е и центар за документарно истражување и место за културно збогатување и разонода.
Читајте на француски јазик: библиотеката на своите членови им нуди дела од најразлични области:
-         околу 10 000 книги од најразлични жанрови и од следниве области:
*               книжевност: роман, театар, поезија, книжевна критика;
*               наука: општествени науки, филозофија, религија, медицина, географија, историја, биографии, лингвистика, техника, уметност, музика, кинематографија;
*               методи по француски јазик;
*               разонода: стрипови, хумор
-          педесетина списанија:
*         дневни информативни весници
*         научни списанија и магазини
-          образовни цедероми

Музика на француски јазик: На ваше располагањe се повеќе стотици музички албуми: забавна музика, класична музика, џез, блуз, опера, рок, поп-рок
Пуштајте им песнички на вашите деца за да научат да пејат, пронајдете ги омилените музички групи или откријте ги познатите класици на француската шансона.

Филмови на француски јазик:
Францускиот културен центар располага со широк спектар играни и документарни филмови:
-         ве покануваме да ја откриете нашата колекција со над 300 филма во ДВД формат која се состои како од најнови француски хитови, така и од филмски класици
-        повеќе од 700 документарни филмови, меѓу кои и хитовите на канал Арте, лингвистички документи или спотови на ваше располагање.

 

Можете да го пребарувате каталогот на дела на медијатеката на ФКЦ преку интернет         

3. Активности во Францускиот културен центар

Медијатеката на Францускиот културен центар понекогаш се преобразува од тивко место за читање, во место на вжештени дебати или во затемнет простор во кој главното место го зазема филмското платно. Тука редовно се одржуваат предавања и дебати, кои се уште поинтересни ако публиката земе збор; медијатеката се обидува да го привлече вашиот поглед на нејзините ѕидови исполнети со уметнички дела, да ја разбуди вашата љубопитност со изложбите од научен карактер, како и со филмските проекции.

 

Средба во медијатеката на Францускиот културен центар:

Кога?
Францускиот културен центар е отворен за посетители секој работен ден во неделата, од 11 до 18 часот и во сабота, од 10 до 13 часот.

Два пати годишно Центарот е затворен, во текот на летниот период и на Нова година.
Неработните денови одговараат на француските или локалните празници, според годишно утврден календар. 
     

Каде? Адреса: Градски ѕид, блок 5 1000 Скопје
Тел. (00 389) 2 311 85 03
Факс: (00 389) 2 311 83 86
Пишете ни на електронската адреса: ccfskopje@ccfskopje.edu.mk

Придружете ни се на Фејсбук: www.facebook.com/if.skopje

Пребарување на каталогот на медијатеката 

Тарифи за зачленување:

-       годишна членарина од 800 денари имате можност да позајмувате книги, списанија, филмови на ДВД, музички дискови или цедероми.

-       учениците од основните училишта, средношколците, пензионерите, професорите и преведувачите по француски јазик имаат можност за зачленување по намалена тарифа од 50%, односно: годишно членство од 400 денари

-       за лицата кои следат часови во Францускиот културен центар, членството е бесплатно

Nastani SQ