Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Të na gjeni, të na shkruani

Ekipi ynë

Aktivitet më të reja :

Франкофонија

 

 

 

Франкофонијата, која поаѓа од еден заеднички јазик - францускиот, покрива универзални вредности како што се почитта кон различноста и правата на народите.

Франкофонијата се зазема за мир, првата аспирација на народите. Таа делува во служба на демократијата, за правна држава и за почит кон граѓаните. Таа застанува во одбрана на разновидноста на цивилизациите во светот, залагајќи се за усвојување на конвенција, во рамките на УНЕСКО, за културна и јазична разнообразност.

Така, поаѓајќи од еден јазик, франкофонијата застанува во одбрана на сите останати јазици. Впрочем, францускиот јазик се поставува како средство за отпор против сеприсутноста на еден единствен јазик, и, на тој начин, како поткрепа на зачувувањето на различните јазици во светот, особено за оние јазици за кои заканата е дотолку поголема колку што народот е помалуброен. Францускиот јазик, со својата книжевна и филозофска традиција, ја носи во себе вредноста на почитта на културите наспроти униформираноста на мислата; тој нуди еден посмел вектор на мислата и идеите.

Секоја година на 20 март, франкофонијата се слави во целиот свет како празник на еден заеднички јазик, но и како одбрана на јазиците и културите кои го чинат човековото богатство.

За оваа прилика, во текот на целиот месец март се нудат културни манифестации за секаква публика, која го говори или не францускиот јазик. Францускиот центар за соработка „Жан Моне" организира активности наменети за младите кои го изучуваат францускиот јазик и кои им овозможуваат да ги покажат своите таленти.

Франкофонијата е вистинска причина за празнување на сите народи на земјата, особено за земјите членки на Меѓународната организација на фракофонијата, кои одлучија да се соединат во валоризирањето на заедничките вредности и, особено, во одбрана на она по кое се разликуваат.

Оваа идеја е одлично пресликана во зборовите на Леополд Седар Сенгор, врежани врз мермерната плоча во паркот на фракофонијата, подарен од град Скопје:

„Нека разликите меѓу нас нè прават побогати
во стремежот кон сеопштите вредности" 

 

Nastani SQ