Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Të na gjeni, të na shkruani

Ekipi ynë

Aktivitet më të reja :

Кон поинтерактивна настава со бели интерактивни табли


Францускиот центар за соработка “Жан Моне“ од Скопје и Француските Алијанси од Тетово и Битола се опремени со мултимедијални училници, кои им ставаат на располагање на учениците нумерички материјали за работа и кои се проектираат со помош на компјутер поврзан преку проектор на бела интерактивна табла.

Наставата по француски јазик е поинтерактивна, подинамична и поефикасна. Оваа алатка им нуди на изучувачите, на забавен начин, подинамични активности кои ги ставаат во центарот на нивниот процес на изучување и им овозможуваат да користат разновидни визуелни и аудио документи на час.

Функционалностите на таблите се многубројни : таблата овозможува прикажување на слики, видеа, анимации. Содржината на таблата може да биде сочувана.

Професорите од Францускиот центар и Алијансите беа обучени за користење на белите интерактивни табли на час по француски јазик во педагошка цел.

Иницијалната обука, анимирана од страна на г-нот Жан-Ив Петитжирард, директор на Универзитетскиот центар за изучување на францускиот јазик од Гренобл, Франција и единствена по својот карактер во Македонија, овозможи формирање на една група професори по француски јазик обучени во користењето на модерни технологии во наставата.

Nastani SQ