Languages

 mk fr shq
CFD Jean Monnet

Të na gjeni, të na shkruani

Ekipi ynë

Aktivitet më të reja :

Затворен Фестивалот на францускиот филм во Охрид

 
Петок 2 јули 2010, 21 часот
Центар за култура „Григор Прличев“ - Охрид

Доделување на наградите и проекција на филмот „Врапчето ми кажа",
во присуство на режисерот Паскал Тома.
Победа на режисерката Каролин Ботаро.

Третото издание на Фестивалот на францускиот филм во Охрид, кој се одржа од 26 јуни до 2 јули 2010 година, овозможи да бидат претставени десетина француски филмови од 2009 година, на избор на Ив Алион, главен уредник на Аван-Сен Синема.

Жирито беше составено од пет познати балкански личности и предводено од славниот актер и поранешен српски Министер за култура Бранислав Лечиќ. Тој и ја врачи наградата за најдобар филм на режисерката Каролин Ботаро, за „Шахистка“.

Ова е двојна победа за Каролин Ботаро, која беше присутна за време на Фестивалот во Охрид, бидејќи таа ја освои и наградата од публиката.

На актерката Карин Вијар и припадна наградата за надобра женска улога во филмот „Гостите на татко ми“, на режисерката Ан Ле Ни. Тјери Фремон, кој веќе има снимано во Македонија, ја доби наградата за најдобра машка улога ва филмот „Државна работа“, на Ерик Валет.

На режисерот Паскал Тома му беше доделена „златна маска“ за животно дело, придружувајќи им се, на овој начин, на претходните почесни гости на изминатите две изданија: Клод Лелуш во 2008 и Шарл Азнавур во 2009 година.

Сите гости, кои пристигнаа од Франција и од регионот, изјавија дека се задоволни од престојот во Охрид, чие културно-историско наследство е под заштита на УНЕСКО и, благодарение на Фестивалот, место на француската културна креативност, со оглед на посетеноста од повеќе илјади гледачи.

Програма на вечерта на свеченото отворање:
Сабота 26 јуни 2010
 
19ч30  - Отворање на изложбата на фотографии „Каен, љубов на прв поглед“ на Зоран Летра од страна на г-дин Ален Туре, Потпретседател на регионот Долна Нормандија

20ч30 - Свечено отворање на фестивалот од страна на г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, Министер за култура и Н.Е. г-дин Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција


21ч00 - Премиера на филмот „Клуб Бус Паладиум“, во режија на Кристофер Томсон (2010), во присуство на главната машка улога во филмот Артур Дипон и Мики Манојловиќ, француско-српски актер.
  

---

Програма на Фестивалот на францускиот филм во Охрид -
распоред на одржаните проекции :

Ден 1 - 26 јуни
Филм на отворање: „Клуб Бус Паладиум"
од Кристофер Томсон, во присуство на Артур Дипон и Франсоа Сивил

Ден 2 - 27 јуни
16ч00: „Шербуршки чадори" од Жак Деми ( OFF)
17ч30/19ч00: „Киднапирање" од Лука Белво
20ч30/21ч00: „7h57 AM-PM"  од Симон Лелуш во присуство на режисерот
21ч00/23ч00: „Гостите на татко ми" од Ан Ле Ни, во присуство на актерката Вероника Новак

Ден 3 - 28 јуни
17ч30/19ч00: „Прашање од државен интерес"
од Ерик Валет
21ч00/23ч00: „Шахистка", во присуство на режисерката Каролин Ботаро

Ден 4 - 29 јуни 2010
17ч30/19ч00: „Слобода" од Тони Гатлиф, во присуство на Иљир Селимоски
20ч30/21ч00: „Службен пат" од Шин Елис, во присуство на Клер Марке
21ч00/23ч00: „Вечерен фустан", во присуство на режисерката Мирјам Азиза и актерката Лио

Ден 5 - 30 јуни
17ч30/19ч00: „Среќен сум што мајка ми е жива",
во присуство на режисерот Натан Милер
20ч30/21ч00: „Умилната Мира" во присуство на режисерот Франк Виктор
21ч00/23ч00: „Трефова дама", во присуство на режисерот Жером Бонел и актерката Флоранс Лоаре Кај

Ден 6 - 1ви јули
21ч00/23ч00: „Голема љубовна приказна" во присуство на режисерот Паскал Тома (OFF)

За повеќе информации, Ве молиме посетете ја официјалната интернет страна на Фестивалот : http://www.fffo.eu/

Настани - SQ